Објавено на 15 Јули, 2024
Зошто Да Платите за АИ Модели, кога Апликациите се Речиси Бесплатни? Вистинската Разлика.

Денес, светот на вештачката интелигенција е на дофат на секого. Со само неколку клика, апликациите од 10 евра ветуваат дека ќе ви создадат „совршени“ слики за вашите социјални мрежи. И сосема е логично да се запрашате: „Зошто да платам повеќе за услуга од VisioFashion, кога можам сам да го направам тоа за многу помалку?“
Тоа е фер прашање на кое одговорот е едноставен:
Вие не плаќате за генерирање на слики. Вие инвестирате во професионален визуелен идентитет за вашиот бренд.
Замислете го ова: Дали би ангажирале професионален фотограф за вашата модна кампања, или би му дале на пријател да ве слика со телефон? И двете опции ќе ви дадат слика, но резултатот и пораката што ја праќате – се драстично различни. Истото важи и за вештачката интелигенција. Еве што точно добивате со нас, а што никогаш нема да го добиете од евтина, автоматизирана апликација.
1. Ние не генерираме мода. Ние ја презентираме вашата мода.
Ова е најважната разлика. АИ апликациите не можат да го земат вашето парче облека и да го „облечат“ на модел. Тие создаваат целосно нова, измислена облека која само наликува на тоа што сте го опишале. Вие не можете да го продадете тоа парче, бидејќи тоа не постои. Нашиот начин на работа и технологијата која ја користиме ни овозможува да го земеме вашиот вистински производ – фустанот што го имате во вашиот бутик – и дигитално да го „облечеме“ на нашите фотореалистични АИ модели.
2. Квалитет и Конзистентност: Вашиот Бренд добива Препознатливо Лице
Кога генерирате слики преку апликација, секој пат добивате различен модел, различно лице и различен стил. Вашиот Instagram профил изгледа хаотично и неконзистентно. Ние создаваме конзистентен визуелен идентитет. Можеме да генерираме слики каде што вашиот „модел“ е секогаш истата личност и дел од вашиот бренд. Ние сме вашиот „дигитален арт директор“ – секоја слика поминува низ човечка проверка, каде ги поправаме сите АИ грешки и се грижиме финалниот резултат да биде беспрекорен.
3. Процес на Селекција: Вие го добивате Најдобриот, не Првиот резултат
За секоја ваша потреба, ние не создаваме една слика, туку десетици а понекогаш и стотици варијации. Експериментираме со различни агли, пози и осветлувања. Потоа, го избираме оној еден, единствен визуел кој совршено ја доловува емоцијата и пораката на вашиот бренд. Вие не го добивате првиот, туку најдобриот резултат, избран со строга селекција..
Заклучок
Евтината АИ апликација е само алатка. Како чекан. Можете да го купите, но тоа не ве прави мајстор. Ние во VisioFashion сме вашиот креативен партнер. Ние сме мајсторот кој ја разбира вашата визија и користи најсовремени алатки за да изгради моќна визуелна приказна за вашиот бренд.
Подготвени сте вашиот бренд да изгледа сериозно и професионално? Да разговараме